НЕОГРАНИЧЕНА КИЛОМЕТРАЖА ВО ТРАЕЊЕ ОД ДВЕ ГОДИНИ/KM ИЛИ 100.000 KM ГАРАНЦИЈА ЗА ОДОБРЕНИ ВОЗИЛА ОД LAND ROVER
Посебно наменета за Land Rover возила помалку од пет години стари и со поминати помалку од 100.000 километри во времето на купување. Целата работа ја извршуваат обучени техничари од Land Rover кои користат оригинални делови, одобрени алатки и дијагностичка опрема. Ништо помалку. Нема ограничување за бројот на побарувања кои може да се направат до куповната цена на возилото, а гаранцијата ви дава покриеност од две години без ограничување за километражата. Ова е достапно само преку овластен продавач на Land Rover.
24/7 ПОМОШ НА ПАТИШТА ВО ТРАЕЊЕ ОД 24 МЕСЕЦИ ЗА В. БРИТАНИЈА И ЕВРОПА
Помошта на патиштата од Land Rover е создадена за да ви овозможи целосна сигурност и, доколку некогаш ви е потребна, навистина беспрекорна услуга. Таа ги покрива сите можни случаи; од дефект или несреќен случај до помали итни случаи како дупната гума или загубени клучеви. Вашето возило ќе биде покриено за целото времетраење на гарантниот период и важи 24 часа во денот, секој ден во годината. Бидете сигурни; доколку ви треба стартување пред домот, понатамошни патни аранжмани, изнајмување на автомобил, ре-испорака на возило или сместување, сето тоа е вклучено во услугата.
ПРОВЕРКА ВО 165 ТОЧКИ
Имаме ригорозна листа за проверка која се состои од 165 точки до која мора доследно да се придржуваме. Ова дава сигурност дека возилото е во оптимална електрична и механичка состојба и дека шасијата е беспрекорна. Користејќи ја најновата технологија, алатки и дијагностичка опрема, нашите техничари ги извршуваат овие проверки со најголема строгост. Проверката секогаш вклучува бојосување, внатрешност, целосна подготовка на моторот, тест на патиштата и финална проверка пред возилото да биде лично одјавено од страна на еден од техничарите на Land Rover. Сите возила треба да ги поминат сите 165 проверки за да станат одобрени од Land Rover.
НАШИТЕ ТЕХНИЧАРИ
За да се испорачаат потребните нивоа на професионализам, вештина и внимание на детали, потребни се посебен тип на луѓе. Целиот ремонт го извршуваат обучени техничари од Land Rover кои користат посебни алатки, дијагностичка опрема и оригинални делови од Land Rover. Секогаш работиме според највисоките стандарди и токму затоа само нашите одобрени продавачи ги извршуваат овие работи.
НЕЗАВИСНА ПРОВЕРКА НА КИЛОМЕТРАЖАТА И ИСТОРИЈАТА
Историјата на секое возило темелно се прегледува преку независно истражување кое е водечко на пазарот. Сите возила се испорачуваат со независно потврдена километража и сертифицирана историја на сопствеништво, со цел да се потврди дека не постојат финансиски побарувања за возилото и дека не било украдено или отпишано. Ова ви овозможува да возите безбедно знаејќи дека вашето ново одобрено возило има целосна историја и ги дава очекуваните резултати.
ТЕСТИРАЊЕ НА ПАТИШТАТА
Секое возило подлежи на тест на патиштата, при кој нашите техничари ги оценуваат уникатните карактеристики на перформансите за секое возило. На пример, суспензијата, вибрациите, системите за сопирање, перформансите на моторот, преносот и девет други специфични области се надгледуваат со цел да се обезбедат оптимални перформанси на возилото. Со ваквото ригорозно тестирање, квалитетот на вашето одобрено возило е загарантиран.
НЕЗАВИСНО ПРОВЕРЕНИ
За да ги задржиме високите стандарди коишто си ги наметнуваме себеси и на нашите продавачи, се извршува независна проверка на нашата услуга, објекти и персонал. Ова ги опфаќа сите аспекти на програмата за одобрени возила од перспектива на клиентот, од објектите до самите возила. Преку независното тело како потврда за нашите стандарди, секогаш ја исполнуваме нашата етика да одиме „погоре и подалеку“.